Шекеринска, Спасовски и Димитров без потврда дали ќе се кандидираат за претседател на РМ

Од:

Вицепремиерите Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски, како и министерот за надворешни работи Никола Димитров, чии имиња се споменуваат како можни кандидати за претседател на Република Македонија денеска одговарајќи на новинарско прашање не сакаа ниту да потврдат, ниту да ги демантираат таквите информации.

– Станува збор за важен процес што вклучува консултации и одлуки на партиско ниво, со коалициските парнери и со граѓаните. Чест ми е што ми се споменува името како можен кандидат. Убеден сум дека коалицијата ќе излезе со кандидат што ќе победи на изборите и ќе има здраво партнерство со владата за да се исполнат приоритетите на државата, рече Димитров.

Вицепрепремиерката и министерка за одбрана Шекеринска рече дека фокусот на сите во владата е насочен кон решавање на проблемите во Македонија.

-Тоа кој каде ќе биде и која функција ќе ја извршува е второстепено прашање. Успеавме затоа што работевме заедно, а не како кандидати за нешто, рече таа.

Министерот за внатрешни работи и вицепремиер Спасовски рече дека треба да се донесе одлука каков претседател заслужува Македонија и оти раководството на СДСМ е насочено кон таа цел.

– Бараме решение кое ќе биде сосема спротивно од она што го имаме денеска. Потребен е храбар, визионер и одлучен човек кој ќе мисли за иднината на Македонија. Успесите доаѓаат ако има тим, во целиот тој процес се важни овие принципи. Личните чувства и амбиции не се поважни од иднината на државата. Убеден сум дека Македонија ќе добие претседател каков што заслужува, рече Спасовски.

Вицепремиерот задолжен за евроинтеграции, запрашан каков кандидат би бил прифатлив за ДУИ истакна дека ставот на партијата е оти Македонија треба да има консензуален кандидат.

-Таа идеја беше спомната и на последните претседателски избори со образложение дека улогата на претседателот е да биде кохезивен фактор во општеството, гласот на разумот во кризни периоди, што досега недостасуваше. Таа идеја ги надминува политичките мандати и сметаме дека во Македонија треба да се применува консензуален претседател, кој најмалку што треба е да ја претставува војлата на двете најголеми етнички заедници, но и сите други останати, рече Османи.

Додаде дека за оваа идеја разговарале со коалицискиот партнер и оти има начална согласност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: СДСМ е против Законот за локална самоуправа, власта им одзема право на граѓаните да одлучуваат

(ВИДЕО) Спасовски за случајот „Галате“: На Македонија не и се потребни инциденти, особено не во делот на меѓуетничките односи

Косовско МНР: Недостоинствен однос кон Османи на скопскиот аеродром

Османи: Владата која што доаѓа нема одговорност кон Преспанскиот договор, но има обврска да го почитува

Горан Наумовски

Османи: Членство во ЕУ на сите учесници во ПСЈИЕ е гаранцијата за стабилноста и наш приоритет

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Спасовски: Да не се заборави 27 април – најцрниот датум во историјата на македонската демократија

Горан Наумовски