ВИДЕО: Шекеринска со припадниците на АРМ на Богородица, јужната граница стабилна

Од:

Состојбата на јужната граница е стабилна, а припадниците на АРМ ги извршуват своите задачи овозможувајќи им на граѓаните во овие празнични денови да бидат мирни и спокојни и да не ставуваат од опасност по безбедноста и стабилноста на државата.

Ова го порача денеска вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска при посетата на армиските припадници распоредени на јужната граница на Македонија кон Грција.

-Денеска сме во посета на армиските припадници што се распоредени на нашата јужната граница со Грција. Ме информираа околу состојбите на границата која е стабилна, меѓутоа постојаното присуство на АРМ со поддршка на операциите на МВР покажува дека е ова проблем кој Македонија не смее да го занемари. Само во оваа година припадниците на АРМ успеаја да спречат повеќе од 500 нелегални преминувања на границата, а во петходната година кога притисокот врз границата беше и поголем таа бројка беше неколкукратно поголема, изјави Шекеринска.

Се заблагодари на припадниците на АРМ кои во овие празнични денови ги извршуваат своите задачи и овозможуват на сите граѓани да спијат мирно и да не стравуваат од оваа опасност по безбедноста и стабилноста на државата.

За време на посетата таа додаде дека е дискутирано за тоа кој систем да се подобри, на кој начин да се зголеми соработката помеѓу различните институции и на кој начин да се подобри опремата со која располага АРМ.

-Владата покажа дека ваквиот несебичен и сериозен однос на припадниците на АРМ знае да го награди. Минатата година платите на припадниците на АРМ беа зголемени 10 проценти, а годинава ќе бидат зголемени за дополнителни пет проценти, што значи дека првпат имаме две години по ред зголемување на платите. На крајот на минатата година завршивме два многу важни процеса – обезбедување чизми и униформи за припадниците на АРМ, но нашата цел е поставена многу повисока. Дискутираме за вистинска опрема и за модерни начини не само за чување на границата, туку на работење на Армијата и на тој начин ќе и овозможме на АРМ да биде подобра, на тој начин ќе се оддолжиме на нивната служба и на нивниот несебична работа за обезбедување на својата државата, изјави министерката за одбрана.

Припадниците на АРМ се распоредени на нашата јужна граница од летото 2015 година, како мерка за зајакнато обезбедување на границата од нелегалниот мигрантски бран, а во помош и поддршка на Министерството за внатрешни работи и Граничната полиција.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната