Шекеринска: Со поканата за НАТО успеавме да донесеме четири пати повеќе инвестиции отколку во времето на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Успеавме да ги оствариме резултатот за кој сонуваа генерациите во изминатите речиси 30 години и еве не, на чекор до членство во НАТО, се обрати заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска на граѓанската трибина „На прав пат“ во Берово.

-Од моментот кога сакаа со крв да спречат промена на власта, за само 2.5 години успеавме да го оствариме резултатот за кој сонуваа нашите генерации 30 години наназад. Тој резултат, тој успех, таа наша победа, не ни падна од небо, не ни го поклони никој. Тоа е резултат на желбата и храброста на граѓаните и способноста, истрајноста на оваа Влада предводена од СДСМ, додаде Шекеринска.

Таа рече дека уште само три држави е потребно да го ратификуваат нашиот договор за да бидеме дел од најмоќниот и најбогатиот сојуз во светот-НАТО.

-Очекуваме Холандија и Франција да завршат во наредните неколку недели. Во Шпанија зависи од изборите но очекуваме наскоро и таму да се заврши. Но без разлика дали ќе се стигне до декември, нашиот премиер на Самитот на НАТО ќе биде на масата со Трамп, со Меркел, со Столтенберг, таму каде што ни е местото.

НАТО не значи само безбедност, стабилност и сигурност, НАТО значи и инвестиции. Со самата покана за НАТО ние успеавме да донесеме 4 пати повеќе инвестиции отколку времето на ВМРО-ДПМНЕ, рече Шекеринска на граѓанската трибина „На прав пат“ во Берово.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он