Шекеринска: Со новата систематизација на армијата ќе добиеме формација која одговара на реалните потреби

Од:

Новата систематизација во армијата што ќе се прави ќе биде во таква формација за да одговара на реалните потреби, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање за трансформацијата и најавените реформи кои претстојат.

– Трансформацијата во армијата и одредените реформи во МО се дел од големиот пакет. Како земја членка ги добивме НАТО способностите што од нас ќе се очекуваат по неколку години. Тие ќе бидат репер за тоа како ќе ги водиме реформите. Се разбира има одредени капацитети кои ќе ги правиме исклучиво за домашни потреби. Меѓутоа фокусот ќе биде ставен на овие НАТО капацитети и многу брзо ќе ја информираме Владата кои се тие капацитети. Тука мислам на лесната на пешадиска борбена група, меѓутоа имаме и хируршки тимови, тимови од специјалци. Тоа ќе биде фокусот во следниот период, одоговри Шекеринска.

Таа смета дека на хартија ќе се намали бројот на позиции во армијата, но ќе останат сите постоечки војници.

– Сите, подофицери и офицери се, не само сигурни, туку ни се потребни. Ние сега сме во тек на испраќање голем број на офицери на командни должности. Имаме офицери и подофицери кои беа распоредени во СИБРИГ, па ќе кажам дури ни требаат и повеќе луѓе. Бројката на хартија ќе се намали меѓутоа тоа е заради тоа што долги години таа на хартија била голема, а реално не сме имале ни толку војници, ни толку офицери. Со членството во НАТО очекувањата од секој војник, од секој офицер се многу повисоки, рече министерката.

Шеќеринска нагласи дека систематизацијата и новата формација ќе одговара на реалните потреби и нема да бидат реформи на хартија, туку реформи во реален живот.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната