Шекеринска и Шварцер Блум: Македонското членство во НАТО е шанса за безбеден регион и просперитет

Од:

Членството во НАТО е шанса за безбеден регион и спокојни граѓани, истакнаа денеска на Криволак министерката за одбрана Радмила Шекеринска и заменик амасадорката на САД во Македонија, Микаела Шварцер Блум, одговарајќи на новинарско прашање за последните безбедносни предизвици во регионот, особено оние од блиското соседство за нови прекројувања на границите на Балканот.

– Република Македонија од моментот на својата независност плати висока цена за бројните конфликти и војни во нашето соседство. Членството во НАТО е шанса да се стави точка на овие стравувања. Работиме на тоа целиот Балкан да биде стабилен регион, а пред се работиме нашата држава и нашите граѓани да бидат безбедни. Без безбедност и стабилна и просперитетна економија тоа не е можно. Очекуваме граѓаните во Македонија во огромно мнозинство да го поддржат нашето членство во НАТО и ЕУ.

Според американскиот заменик амбасадор, механизмот на НАТО најдобро може да обезбеди стабилност.

– Знаеме дека стабилноста и безбедноста раѓаат просперитет, а просперитетот го гарантира развојот. Сметам дека Македонија ќе биде идна членка на НАТО, а за тоа има поддршка од САД, истакна Швацер Блум.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Путин издаде наредба: „Уништете го НАТО“

Предраг Петровиќ

Дрон влезе во воздужниот простор на Летонија, го соборија авиони на НАТО

Катерина Ѓуровски