Шекеринска: Секој припадник на Армијата ќе добива месечен надомест од околу 7.000 денари за станарина за решавање на станбеното прашање

Од:

Секој припадник на Армијата, без разлика дали се работи за воен или за цивилен персонал, од први март следната година ќе добива месечен надоместок од околу 7.000 денари за таканаречната закупнина или станарина за решавање на станбеното прашање, истакна денеска вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

Таа посочи дека новото решение предвидува апсолутно користење на правото на закупнина за секој припадник на Армијата.

– Вкупната сума која Министерството за одбрана за следната година ќе ја искористи од својот буџет и ќе ја насочи кон припадниците на својата Армија изнесува над седум милиони евра и оваа сума ќе влезе во буџетите на над 6.000 семејства во нашата земја, нагласи Шекеринска.

Таа наведе дека новото законско решение за користење на средствата за закупнина нема да важи само за припадниците кои добиле станови од поранешна ЈНА.

– Наша цел е да влеземе во НАТО со Армија која ќе биде горда и на својата припадност и на својата земја. Армија која ќе биде мотивирана, посветена на своите задачи и соодветно наградена од државата. Неодамна реков дека не се менуваме ради НАТО, туку се менуваме поради самите себе, поради нашите потреби, заради желбата да живееме подобро и да имаме подобра држава. Нашите војници, старешини, сите офицери, припадници на Армијата вложуваат секојдневно во себе, преку тренинзи, преку обуки преку други активности којшто им го овозможуваме заедно со идните наши сојузници. Ред е и државата да продолжи да вложува во нив, потенцира министерката за одбрана.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он