Шекеринска: Од вечерашниот огромен митинг ги одбројуваме последните денови до слободата

Од:

Вчеравечер имавме величествен митинг во Битола и битолчани навистина покажаа дека со Груевски и со Талески е веќе е се завршено и Битола како и целата изборна единица 5 ни покажаа дека граѓаните бараат, инсистираат на промени, дека сакаат животот да се врати тука во Македонија, затоа ве повикуваме да продолжиме да ја испраќаме истата порака, рече Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ и носителка на кандидатска листа во ИЕ5.

Вечерва во 18 часот, тука во Скопје ќе организираме огромен митинг на кој што ќе покажеме дека Македонија застанува зад живот на своите најмлади зад себе, зад сите свои граѓани коишто бараат да биде подобро, животот да биде посигурен и животот да го градиме овде во татковината.

Ве повикувам сите вас да ни се приклучите на овој митинг, заедно да ги броиме последните денови на овој режим, заедно да покажеме дека на 11 декември доаѓа слободата, доаѓа животот во Македонија, доаѓаат подобри денови за нашата татковина.

Вечерва се гледаме во 18 часот пред Владата, вечерва почнуваме да одбројуваме до последните денови на режимот во нашата држава.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он