Шекеринска: Од 1 март дополнителни 7.000 денари за сите припадници на Армијата

Од:

Министерската за одбрана, Радмила Шекеринска денеска заедно со британскиот бригаден генерал, Хју Лојд Џонс ги посетија припадниците на Армијата во Касарната „Јане Сандански“ во Штип. Во изјава за медиумите таа рече дека штипската Касарна е место за добри вести.

„Тука бев кога за прв пат најавивме подобрување на условите за работа и покачување на платите на припадниците на Армијата пред две години. После две вакви покачувања, денеска во Штип можам да потврдам на сите припадници на Армијата дека од крајот на овој месец, платите на сите цивилни лица во Армијата ќе бидат дополнително зголемени за 10%, а дека со почеток од март, сите припадници на Армијата, оние коишто имаат над три годишни договори, ќе добиваат месечни надоместоци за станарина во износ од 7 000 денари секој месец.

Тоа значи дека ако пред две и пол години, платата на одреден професионален војник изнесувала    20 000 денари , тогаш заедно со овие покачувања, заедно со станарината, тој или таа сега секој месец ќе добиваат над 30 000 денари, што значи дека токму за оние коишто имаат најниски примања во Армијата, зголемувањето на месечните приливи ќе биде над 50%“, рече Шекеринска.

Шекеринска додаде дека на овој начин се зголемува мотивираноста и желбата на припадниците да продолжат тука да работат, но и се подобруваат условите со што се покажува дека нашата Армија е подготвена да биде Армија на НАТО.

Бригадниот генерал, Хју Лојд Џонс изјави дека Обединетото Кралство со нетрпение очекува да ја поздрави Северна Македонија како 30-та членка на семејството на НАТО. Обуката ја изведува тим за обука од Вториот баталјон на полкот на Војводата од Ланкастер. Дел од обуката беше презентирана пред министерката Шекеринска и бригадниот генерал Џонс.

Би можело да ве интересира

„Политико“: Шекеринска и Габриел кандидатки за заменички на генералниот секретар на НАТО

Горан Наумовски

Уште две министерки побараа апанажа: Царовска молчи за плановите, Шекеринска размислува

Кристијан Ландов

Шекеринска: Принципиелно и чесно е да не учествувам во следната Влада

Ана Ололовска

Шекеринска – Брнз: Обуката на Лесната пешадиска баталјонска група со американски инструктори – важна страница во билатералната соработка

А1он

Средба на Шекеринска со поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт

А1он

Шекеринска од Вашингтон: Ќе побараме силна поддршка од САД за продолжување на нашиот европски пат

А1он