Шекеринска: Очекуваме поддршка за членство во НАТО

Од:

Министерката за одбрана на Република Македонија Радмила Шекеринска вечер во Брисел, во седиштето на НАТО-Алијансата, ќе присуствува на состанокот на Северноатлантскиот совет, посветен на мисијата „Одлучна поддршка“.

Во текот на денешниот ден, како што соопшти Министерството за одбрана, Шекеринска ќе оствари поголем број билатерални средби со министри за одбрана на земјите-членки на Алијансата и земјите партнери.

Во пресрет на вечерашниот состанок, министерката Шекеринска посочи дека целта на посетата е Македонија да ја изрази својата поддршка кон мисијата „Одлучна поддршка“, но воедно да се истакне очекувањето дека земјата може да смета на идно членство во НАТО.

– Бевме партнер во тешки моменти на НАТО алијансата, очекуваме дека таа поддршка ќе се врати и со поддршка на Македонија за полноправно членство во НАТО, истакна Шекеринска.

Во однос на домашните реформи, министерката потенцира дека Македонија ќе биде исклучително посветена на реформските процеси во областите во кои е посочено назадување.

– Нашите планови се многу јасни – Македонија ќе направи сè во поглед на внатрешните реформи, во поглед на враќањето на владеењето на правото, слободата на медиумите, контролата над извршната власт, за да ги исполни политичките критериуми кои долго време се сметаа за исполнети. Македонија придонесува за безбедноста на Авганистан, Босна и Херцеговина и Либан и сметаме дека е момент НАТО да придонесе повеќе за безбедноста на Македонија и целиот наш регион“, заклучи министерката, нагласува Шекеринска.

Претходно денеска Шекеринска се сретна со министрите за одбрана на Хрватска, Дамир Крстиќевиќ, и на Црна Гора, Предраг Бошковиќ, како и со директорот за одбранбено планирање во НАТО, Пол Северо, соопшти Министерството за одбрана.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море