Шекеринска: Очекувам во најкус можен рок да имаме и амбасадор и воен претставник во НАТО

Од:

Вицепремиерката и министерка Радмила Шекеринска очекува процедурата за именување амбасадор на земјава во Мисијата во НАТО во Брисел да почне следната недела.

-Во вторникот имавме седница на Влада на која не присуствуваше ни премиерот ни министерот за навдорешни работи бидејќи сите бевме на НАТО лидерскиот состанок. Очекувам од следната недела да почне процедурата. Процедурата за именување на наш воен претставник официјално почна во понеделникот и очекувам во најкус можен рок и ги повикувам сите да дадат свој придонес да имаме и амбасадор и воен претствник. Ја зголемивме сериозно Мисијата со персонал и во одбранбениот и во дипломатскиот дел. До крајот на годината ќе имаме веќе наши простории во новата зграда на НАТО и мислем дека е редно првите двајца луѓе да почнат час поскоро. Сметам дека ова е веќе прашање кое е во последната фаза на реализација, рече Шекеринска на новинарско прашање до каде е процедурата со назначувањето на новиот амбасадор во НАТО и шпекулациите за можни кандидати за таа позиција, по доделувањето сертификати на 35 родови претставници во Министерството и сите единици на Армијата.

Кандидатот за амбасадор во НАТО прво треба да биде ставен на дневен ред на владина седница, па следува процедурата за негово именување преку постапка во МНР, која продолжува кај претседателот на државата.

Би можело да ве интересира

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“