Шекеринска: Нашата цел е да имаме мала, модерна и флексибилна Армија која ќе го има своето место во НАТО

Од:

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ги запозна амбасадорите на земјите членки на НАТО во Македонија со напредокот во изработката на клучниот стратешки документ во одбраната, Стратегискиот одбранбен преглед.

Последниот Стратегиски одбранбен преглед беше донесен пред 14 години. Министерството за одбрана се обврза новиот документ да биде донесен до крајот на јуни. Неговата изработка навлезе во завршна фаза.

„Нашата цел е да имаме мала, модерна и флексибилна Армија која ќе го има своето место во НАТО. Ги проценивме новите безбедносни ризици и предложивме реформи во Армијата и во министерството. Со зголемувањето на буџетот за одбраната отворивме можност за отпочнување на реформите. Процесот на изработката на Стратегискиот одбранбен преглед за кој имавме кусо време, е успешен поради квалитетниот тим кој на него работеше, поради поддршката од НАТО и сојузниците и инклузивноста во процесот. Благодарни сме за поддршката од владите на САД и Велика Британија кои испратија советници кои помогнаа во изработката на Стратегискиот одбранбен преглед, како и на НАТО канцеларијата во Скопје и на другите земји членки кои го дадоа својот придонес. Инклузивниот процес во изработката на СОП е од огромно значење за да имаме ефикасна имплементација на реформите“, рече министерката.

Шекеринска рече дека се очекува Владата да го усвои Стратегискиот одбранбен преглед пред Самитот на НАТО, и ги повика амбасадорите на земјите членки на НАТО да придонесат со своите совети во имплементацијата на СОП, кој ќе постави основа за долгорочен план за развој и модернизација на Армијата на Република Македонија.

Министерката го изрази очекувањето на Владата за поддршка за Македонија на претстојниот Самит на НАТО.

Американскиот амбасадор Џес Бејли рече дека може да посведочи за вредната работа на компетентни лица од министерството и Армијата, во соработка со американските и британските експерти. Британскиот амбасадор Чарлс Гарет се обрати до своите колеги, повикувајќи ги дека доколку сакаат да имаат конструктивна соработка со Македонија која ќе има резултат – ова е можноста. Тој рече дека реформите во одбраната се важни не само за Македонија и регионот туку и за колективната безбедност.

Би можело да ве интересира

„Политико“: Шекеринска и Габриел кандидатки за заменички на генералниот секретар на НАТО

Горан Наумовски

Елфет Исмаили нова заменик министерка за одбрана

МО: Насковски уште во мај 2023 година е разрешен од функцијата претседател на синдикалната организација НСПВ

НСПВ: Министерството за одбрана ја сопре членарината на синдикатот и на тој начин го оневозможува синдикалното делување

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

A1on