Шекеринска на трибина со граѓаните на Бутел: Денес Македонија е држава на слободни граѓани, којашто се развива и се движи напред

Од:

Главен фокус на нашето работење во последниве десет месеци, беше економската стабилизација и спроведувањето на клучните мерки од програмата за долгорочно да обезбедиме раст на платите, раст на економијата, добро платени работни места и подобар животен стандард на граѓаните, истакна заменик претседателкатаa на СДСМ Радмила Шекеринска на отворената граѓанска трибина на ОО СДСМ Бутел.

„Клучните ветувања за почеток на мандатот се релизирани, тоа може да го кажеме со чист образ. Само со укинувањето на радиодифузната такса и воведувањето на евтината тарифа на струјата, обезбедени се заштеди кај граѓаните во износ од околу 23 милиони евра. Растот на минималната плата на 12 илјади денари придонесе денес околу 90.000 семејства да добиваат повисоки приходи. Но не застануваме тука. Сакаме платите редовно да растат, затоа ќе продолжиме редовно да ја зголемуваме платата преку директна поддршка на компаниите.

– Активираната спирала за раст на платите, дополнително ја стимулираме со мерките за финансиска помош на компаниите. Веќе од наредниот месец се отвора можност сите специјализанти во здравството да добиваат редовна плата, а преку заштедите што ги направивме, од оваа година, предвидено е да биде воведено и бесплатното болничко лекување за сите граѓани“, посочи Шекеринска.

Во своето обраќање пред граѓаните, заменик претседателката Шекеринска истакна дека иако Македонија до неодамна била заробена, денес таа е држава на слобдни граѓани со променета политичка клима и тоа е признаено и на меѓународен план.

„Тоа што од целиот регион, нашата држава го доби најпозитивниот Извештај од Европската комисија како држава ни е влезница преку која можеме да се надеваме во јуни да ги почнеме преговорите за членство во ЕУ во јуни, а во јули да можеме да добиеме покана за полноправно членство во НАТО“, истакна Шекеринска.

Свое обраќање пред присутните имаше и пратеничката во Собранието на Република Македонија, Тања Ковачев, која оцени дека СДСМ во изминатиот период преку централната власт и парламентарното мнозинство што ги предводи успеа да ги надмине штетите од 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и да ја врати државата на вистинскиот пат. Собранието повторно работи во интерес на граѓаните.

„Криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ остави пустош. Презедовме одговорност и ги придвиживме работите, во интерес на граѓаните. Бројни економски параметри ја потврдуваат успешноста на политиките на Владата предводена од СДСМ, а граѓаните ги чувствуваат придобивските од одговорното работење“, истакна Ковачев.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Без трошка емпатија, ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Анкетна комисија за Кочани

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Исти криминални шеми, иста банда – СДСМ бара Обвинителството да постапи за скандалот од девет милиони евра

Горан Наумовски

Раководството и сите членови на Извршниот одбор на СДСМ поднесоа оставки

А1он

Филипче најави парцијално освежување на тимовите во делот на раководството на СДСМ

А1он

(ВИДЕО) Огњеновиќ: СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од девет милиони евра, заедно со сите докази

Горан Наумовски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски