Шекеринска на телеконференцискиот состанок на НАТО министрите за одбрана за Ковид-19: Заедно сме посилни

Од:

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска попладнево учествуваше на телеконференцискиот состанок на министрите за одбрана на НАТО земјите посветен на борбата против Ковид-19, на кој биле изнесени гледиштата и ставовите на земјите во поглед на ширењето на заразата и мерките за помош на цивилните власти во намалувањето на последиците од нејзиното ширење.

Состанокот го отворил генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, а министерката Шекеринска заедно со другите министри од одбраната имале одвоени излагања.

Генералниот секретар и голем број на министри за одбрана честитаа за членството на Република Северна Македонија во НАТО и го поздравија првото учество на Шекеринска како полноправен член, информираат од министерството за одбрана.

Шекеринска се заблагодарила за поддршката што ја доби нашата земја за приемот во НАТО и ја истакна нашата подготвеност за соработка со сојузниците во борбата против пандемијата.

– Благодарни сме што нашите пријатели од САД, Турција, Чешката Република, Норвешка, Унгарија, Словенија, Обединетото Кралство, Холандија и Бугарија испратија помош до нас во оваа голема криза. Помошта ни значи многу бидејќи е во услови на општа загрозеност на сите држави и ги става на тест националните здравствени системи низ целиот свет, рече министерката.

Шекеринска, стои во соопштението, упатила порака до генералниот секретар на Алијансата и до министрите за одбрана дека „нашата држава добро знае што значи да се притекне во помош кога е тоа потребно” и ја изразила нашата подготвеност за поддршка на КФОР во услови на медицински итни потреби.

Министерката, исто така, упати сочувство за жртвите од пандемијата и изрази увереност дека НАТО со својот широк спектар на активности ќе придонесе за побрзо и поефикасно справување со здравствената криза.

На крајот на состанокот генералниот секретар Столтенберг порачал дека „кризата покажа дека нашите членки се истрајни и обединети. Нашите вооружени сили веќе играат важна улога во поддршка на иницијативите на цивилните авторитети. Така, низ користењето на НАТО механизмите сојузниците си помагаат едни на други во спасувањето животи”.

Поддршката во борбата против коронавирусот ја координира командантот на Здружената команда за Европа, генералот Тод Волтерс. Помошта се одредува преку утврдување на потребите и понудите од сојузниците и партнерите и организирање воздушен транспорт со кој стотици тони опрема и материјали се насочуваат кон земјите кои имаат итна потреба, информираат од Министерството за одбрана.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски