Шекеринска на средба со офицерите од 7. ротација на АРМ во мисијата „Одлучна поддршка“

Од:

Шест офицери на Армијата на Република Македонија кои ќе заминат како дел од новата ротација во рамките на германскиот контингент во Командата за обука, советување и асистенција „Север“ во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, денеска се сретнаа со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и заманик-началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Мухамет Рацај.

Министерката Шекеринска, како што информираат од нејзиниот кабинет, на средбата им посака многу успех и среќа во извршување на задачите и додаде дека Македонија ја анализира можноста за зголемен ангажман во оваа мисија.

– Вашето учество во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан за Македонија претставува двоен бенефит – тоа ја покажува нашата силна волја да придонесеме во меѓународните мировни мисии, што силно ја поддржува нашата амбиција за членство во НАТО, но учеството значи и големо искуство за АРМ кое го пренесувате и на своите колеги, рече Шекеринска.

Генералот Рацај, се вели во соопштението, им порача на офицерите на АРМ, како и досега, достојно да ја претстават Армијата и Македонија, да продолжат професионално да ги извршуваат своите задачи и здрави и живи да се вратат дома кај своите семејства.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?