Шекеринска на Факултетот за безбедност: Принципите на слобода и демократски вредности ќе ја направат државата посилна

Од:

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска по повод отпочнувањето на новата студиска година и 40-годишнината од формирањето на факултетот се обрати пред студентите на Факултетот за безбедност – Скопје.

– Денеска сме во академска средина кај која што иманентен е зборот слобода, академска слобода, слобода да се размислува поинаку, слобода да се говори погласно, и сакам да ви порачам дека само ако тие принципи на слобода на реални вистински демократски вредности, на различни мислења кои нема да ги доживуваме како слабост, туку ќе ги доживуваме како поголема сила, само на таков начин ќе ја направиме Република Македонија, посилна. А единствен начин да биде напредна на долг рок е ако ви дадеме шанса на вас младите, истакна министерката Шекеринска.

Без чувството дека тука сме безбедни, дека можеме да ја планираме својата иднина, додаде министерката, се друго паѓа во вода.

– Затоа пред вас е голем предизвик и шанса за одлична кариера. Држава како Република Македонија, може економски да оди напред исклучиво ако можеме да ја гарантираме безбедноста на нашата татковина, која е врзана со безбедноста на регионот, безбедност во Европа, безбедност во светот, рече таа.

Шекеринска додаде дека е убедена оти студентите ќе работат Македонија да ја направат побезбедна држава, членка на НАТО и потенцираше дека квалитетни луѓе се секогаш потребни во одбраната и безбедноста, области во кои има големи шанси за самонадградба и за учење.

– Исклучително сме задоволни што Македонија може да учествува во програмата НАТО за унапредување на образованието во делот на одбраната. Тоа значи дека вие ќе имате од тоа голема корист. Тоа значи дека вашите професори ќе имаат можност да ја искористат ова програма за да ја подобрат наставата, но пред се значи дека вие ќе може да заминувате на дополнителни обуки, и да следите на каде се движи светот во поглед на одбраната и безбедноста, истакна министерката за одбрана Шекеринска.

Потенцира и дека функцијата на професорите и образованието е да ги подготват студентите за живот, и ги посоветува студентите – ако го искористат знаењето на професорите, ако бидат свои и ако учат, дека успехот е неминовен.

Би можело да ве интересира

„Политико“: Шекеринска и Габриел кандидатки за заменички на генералниот секретар на НАТО

Горан Наумовски

Уште две министерки побараа апанажа: Царовска молчи за плановите, Шекеринска размислува

Кристијан Ландов

Шекеринска: Принципиелно и чесно е да не учествувам во следната Влада

Ана Ололовска

Шекеринска – Брнз: Обуката на Лесната пешадиска баталјонска група со американски инструктори – важна страница во билатералната соработка

А1он

Средба на Шекеринска со поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт

А1он

Шекеринска од Вашингтон: Ќе побараме силна поддршка од САД за продолжување на нашиот европски пат

А1он