Шекеринска: Можевме да не кажеме за вратениот капар, но сакавме да бидеме транспарентни

Од:

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска вели дека доколку сакале можеле да сокријат дека кинеската компанија за производство на вакцини ни го вратила платениот капар.

dobivaj vesti na viber

„Сакам да зборувам за работи кои што целосно ги познавам и во кои сум учествувала, мислам дека најсоодветно е да не се мешаме во работи во којшто информациите ги имаме од Влада, но и од она што јавноста е достапна. Ако нешто можевте да забележите во изминатава година, и мислам дека тоа понекогаш може да не прави и послаби, меѓутоа мислам како држава тоа е чекор во вистинска насока, тоа е дека никогаш информациите не ги криевме од јавноста, и кога се добри вести, и кога се лоши вести. Можеше ова да не го кажеме, за да добиваме помалку прашања, но тоа не е начин на кој функционира оваа Влада. Подобро е да ги кажеме проблемите со кои се соочуваме“, рече Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање.

Таа вели дека за истите фрустрации и незадоволство може да се слушне од многу земји членки на Европската Унија.

„Најголемата група на земји која што во принцип се сметаше дека ќе го диктира темпото, но дури и тие се соочија со проблеми со дел од производителите и со обезбедување на потребните количини“, вели таа.

Би можело да ве интересира

Нови 105 заболени од ковид-19

Тројца починати, 96 нови случаи на Ковид-19

Ана Ололовска

За три дена 96 нови случаи на Ковид-19, четворица починати

Двајца починати, 57 нови случаи на Ковид-19

Ана Ололовска

98 нови случаи на Ковид-19, нема починати

Ана Ололовска

75 нови случаи на Ковид-19, нема починати

Ана Ололовска