Шекеринска меѓу македонските војници во касарната Церкље

Од:

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска попладнево ги посети македонските војници во касарната Церкље во Словенија, кои се дел од обуката за противвоздушна одбрана заедно со нивните словенечки колеги.

Како што соопшти Министерството за одбрана, за време на посетата на Шекеринска и била презентирана обуката за противвоздушна одбрана, чија цел е да се зајакнат способностите за планирање и спроведување на противвоздушна одбрана и да се подобри интероперабилноста помеѓу двете Армии.

– Овие вежби ја потврдуваат одличната соработка во одбраната помеѓу двете земји и го зајакнуваат партнерството, истакнала Шекеринска и изразила задоволство што словенечките војници во октомври, на армискиот полигон „Криволак“ заедно со припадниците на АРМ ќе бидат дел од заедничката вежба „Предизвик 17“.

Со ова министерката Шекеринска ја заокружи дводневната посета на Словенија.

Би можело да ве интересира

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Словенија воведе ограничување на горивото поради проблеми со снабдувањето

А1он

Како израелска приватна разузнавачка компанија се најде во центарот на словенечките избори

65-годишен скијач од Словенија тешко се повреди на Шар Планина

Горан Наумовски

Македонска инвестиција во словенечкиот приватен здравствен сектор: што значи потегот

Над 19.000 домаќинства во Словенија се без струја поради снежно невреме

А1он