Шекеринска: Македонија во 2018. ќе го зголеми буџетот за одбрана и своето воено присуство во Авганистан

Од:

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска заедно со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров денеска во седиштето на НАТО во Брисел учествуваат на состанокот на Северно-атлантскиот совет со Република Македонија, јави дописникот на МИА од Брисел.

Пред почетокот на состанокот, со кој претседаваше заменик-генералниот секретар на Алијансата Роуз Готемулер, заедно со Шекеринска и Димитров одржаа прес-конференција, на кој македонската вицепремиерка најави дека Македонија од 2018 година ќе го зголеми буџетот за одбраната за 0,2 проценти и дека за 20 отсто ќе го зголеми военото присуство во мисијата „Одлучна поддршка“ на НАТО во Авганистан.

– Ние сме во седиштето на НАТО заради 17-тиот циклус на Акцискиот план за членство (МАП) на Македонија во Алијансата. Можам да кажам дека македонската Влада е одлучна да се врати на патот на реформите и на патот кон членство во Европската унија и НАТО. Како Влада сме посветени на планот „3-6-9“ за фокус на демократските реформи, како што се владеењето на правото, независни медиуми, судство, професионалана администрација… Сето тоа е потребно денес во светот и регионот, бидејќи без демократија и владеење на правото, сите земји се понестабилни – посочи Шекеринска.

Според вицепремиерката и министерка за одбрана на Македонија, земјата подготвила нова безбедносна стратрегија и денеска известивме за нов стратешки одбранбен преглед на политиките како Македонија ќе чекори подобро во иднина.

– Ги информиравме сојузниците дека Владата одлучи да почне постепено зголемување во трошењето на одбраната со почетокот од 2018 година, а потоа и во 2019 година, со 0,2 проценти од Бруто-домашниот производ (БДП), за да се дојде до потребните критериуми за членство во НАТО. А, имам привилегија и денес да информирам дека македонската Влада одобри Македонија да ја зголеми партиципацијата во мисијата „Одлучна поддршка“ за 20 отсто од следната година и веруваме дека со ова ќе покажеме дека Македонија е кредибилен партнер на кого НАТО може да се потпре – додаде Радмила Шеќеринска.

Заблагодарувајќи се на Алијансата за можноста Македонија се приклучи на НАТО-образовната и подобрена програма за подобро знаење, што според неа ќе овозможи реформи во одбранбениот сектор, министерката за одбрана посочи дека Владата е подготовена да се посвети како партнер на кој НАТО може да се потпре.

Заменик-генералнито секретар на Алијансата, Роуз Готемулер, пак, на прес-конференцијата посочи дека имала задоволство да ги пречека Шеќеринска и Димитров во седиштето на НАТО. Во име на Алијансата, таа изрази благодарност за поддршката што Македонија ја дава во мисијата „ОДлучна поддршка“ во Авганистан и поосчи дека со македонската делегација дискутираат за важноста од стабилноста на Западниот Балкан, за политичката ситуација во земјата и прогресот во однос на реформските напори на новата Влада.

– НАТО-членките и меѓународната заедница беа престрашени од насилството во парламентот во април оваа година и го поздравуваме прогресот што е направен оттогаш. Во јуни, генералнито секретар Столтенберг се сретна со вашиот премиер и стави до знаење дека е важно сите страни да ги надминат разликите и да работат за заедничко добро, констурктивно со цел имплементирање на потребните реформи, преку засилување на доброто владеење и владеењето на правото во мултиетничкото општество. На оваа предизвикувачка реформска агенда и треба време и напор, но реформите ќе бидат од корист за змејата кон достигнување на евро-атлантските цели – посочи Готемулер.

Заменичката на Јенс Столтенберг, додаде дека НАТО е над две децении во Западниот Балкан и помага во стабилноста на земјите и на заедниците во регионот. Готемулер посочи дека моментот што Црна Гора стана 29. членка на Алијансата, окажал дека вратите на НАТО се отворени и дека од Алијансата продолжува поддршката и на македонската држава на патот кон членство во НАТО.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, истакна дека во седиштето на НАТО се чувствува како дома и пројави надеж дека наскоро ова или другото седиште на Алијансата, кое е преку пат на сегашното, во иднина ќе биде и дом на Македонија. Спорецд шефот на македонската дипломатија, тој и вицепремиерката Шеќеринска се во НАТО за да ја презентираат, како што рече, позитивнаѕа приакзна и да ја информираат заменик-генералнито секретар постојаните претставници на НАТО-земјтие во рамки на Северно-атлантскиот совет (НАК) за „силата и издржливоста на македонската демократија која поситгна политички промени во лице на институционалната и морална криза“.

– Земјата одлучи да инвестира во демократија за ништо како последните години да не се случи повторно. Ние сакаме слободни медиуми, функционален парламент, судиите да судат независно и антикорупциската комисија да функкционира за земјата да биде повеќе како НАТО-земјите членки и да гради вредности како нивните. Ние ќе ја убедиме Алијансата дека има повеќе причини зошто Македонија треба да е 30-тата членка на НАТО. Неи го делиме товарот на глобалната и регионалн безбедност. Ние сме земја што гледа на регионот низ перспектива да успееме или да не успееме заедно. Со новата надворешна политика, Македонија е решена да не создава проблеми, туку да гради мостови и горди сме што имаме успех со источниот сосед, кој е и НАТО-членка, а тоа е Бугарија, со која потпишавме договор за пријателство на 1. август. Ние сме определение да го однесеме регионот во добра насока и сакаме да исчекориме и според зрелост и мудроста по кризата, сакаме да им помогнеме на другите да одат во оваа насока. Ова е важен ден за односите меѓу Македонија и НАТО – подвлече Никола Димитров.

Во пресрет на состанокот на Северно-атлантскиот совет, Радмила Шеќеринска вчера во Брисел се сретна со Педро Серано, заменик-генерален секретар на Европската служба за надворешна политика (ЕЕАС), а за денеска се очекува да има средба со директорот на Директоратот за планирање и политика на НАТО, Пол Северо. Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, пак, синоќа во Брисел се сретне со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.

Би можело да ве интересира

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов