Шекеринска: Македонија сака заслужено во НАТО

Од:

Република Македонија не бара членството во НАТО да го добие како подарок. Тоа не е стекнато право, туку е резултат на посветеност, исполнети критериуми и континуирана стабилност.

Ова го истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска на отворањето на состанокот на министри за одбрана на САД – Јадранска повелба што денеска се одржува во Охрид.

Шекеринска од говорницата ја нагласи решителноста на Владата за решавање на отворените проблеми, кои досега непотребно се развлекуваа, ги оптоваруваа односите со нашите соседи, а се наметнаа како реални пречки на нашиот пат кон евроатлантските интеграции.

– Република Македонијаполека излегува од еден тежок период предизвикан од пролонгираната политичка криза. Период полн со предизвици, во кој граѓаните покажаа мудрост, зрелост, одважност и демократски капацитет и недвосмислено се изјаснија за насоката кон која посакуваат земјата да се движи и стратешките приоритети, истакна таа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски: Наскоро ќе извезуваме оружје, така ќе ја плаќаме одбраната

Германската влада ја зајакнува воздушната одбрана на источното крило на НАТО

Хегсет предупредува на непосредна закана од Кина, побара поголеми трошоци за одбрана

Шпанија e под притисок: Мора да троши повеќе на одбрана

Елфет Исмаили нова заменик министерка за одбрана

МО: Насковски уште во мај 2023 година е разрешен од функцијата претседател на синдикалната организација НСПВ