Шекеринска-Коблер: Членството во НАТО и ЕУ предуслов за стабилност на Балканот

Од:

Членството на државите од регионот во колективните безбедносни системи е од големо значење за безбедноста и стабилноста на Балканот, заклучија на денешната средба во Министерството за одбрана, министерката Радмила Шекеринска и амбасадорката на Австрија, Ренате Коблер.

Шекеринска на средбата, како што соопшти Министерството за одбрана, посочила дека Република Македонија и нејзината Влада се посветени на реформите.

Во однос на посетата на Брисел, министерката Шекеринска истакнала дека била исклучително успешна и оти се базирала на оптимизам во односите помеѓу Македонија, Европската Унија и НАТО-Алијансата.

Зборувајќи за соработката во одбраната, Шекеринска ја истакнала важноста на заедничките воени вежби кои се од значаење за развој на интероперабилноста и подготвеноста на двете Армии. Министерката се заблагодарила за поддршката од Австрија во справувањето со мигрантската криза која го погоди регионот и Европа.

Австриската Коблер изразила задоволство од досегашната билатерлна одбранбена соработка и посочила дека Австрија иако не е членка на НАТО, дава безрезервна поддршка за интеграцијата на Македонија во колективните безбедносни системи. Таа изразила подготвеност за континуиран развој на меѓусебната одбранбена соработка и подготвеност за помош и поддршка во сите области на одбраната.

Македонија и Австрија во областа на одбраната соработуваат од 2006 година, со потпишувањето на Спогодбата за соработка. Таа вклучува области како размената на искуства во логистиката, воената обука и образование, јазична обука, курсеви за воени операции.

Би можело да ве интересира

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени