(ВИДЕО) Шекеринска: Изјавата на Меркел е потврда дека сме на прав пат и можеме

Од:

Оваа година ја направивме навистина да биде историска. Станавме членка на НАТО, после 30 години зборување ние кажавме зборот е збор и ние веќе сме НАТО. Зборот е збор и ние годинава го добивме почетокот на преговори со ЕУ, рече потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска вечерва на трибина во Ростуше осврнувајќи се на денешната изјава на канцеларката Ангела Меркел за отворањето на првите поглавја помеѓу нашата земја и ЕУ.

-Каде е сега ВМРО ДПМНЕ барем со кисела насмевка да удри барем еден аплауз? Го пропуштија оној за НАТО еве нека се развеселат барем за добрата вест за ЕУ. Ама како вели нашиот народ, дозволи им на ушите да го чујат тоа што сакаат е очигледно ова е тоа што ВМРО – ДПМНЕ не сака да го чуе бидејќи не посакуваат добри вести за државата туку посакуваат само себични вести за себе и својот тесен круг на луѓе, рече Шекеринска.

Таа се осврна и на вредностите на политиката на добрососедстви и решавање на домашните проблеми.

-Денес се покажува дека нашата политика на добрососедство, на решавање на проблемите дома, на соживот и едно општество за сите не прави сите заедно посилни. Направивме темел на оваа држава без кој не е возможна нејзината стабилност, порача Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он