Шекеринска: Избори час поскоро, ни треба држава со полн капацитет

Од:

Час поскоро и пред почетокот на летните месеци да ги организираме изборите кои треба да овозможат функционирање на државата и институциите со целосен капацитет, порача денеска министерката за одбрана и потпретседател на СДСМ, Радмила Шекеринска.

– Мојот став е дека избори треба да организираме час поскоро затоа што ни треба држава и институции со полн капацитет за да им помогнеме на фирмите да преживеат, да им помогнеме на граѓаните кои ќе бидат во потешка социјална и економска ситуација, ни требаат закони, ни требаат пари и од странство, а за сите тие работи ни треба функционално Собрание. Мојот став е час поскоро и дефинитивно пред почетокот на летните месеци треба да ги организираме изборите, изјави Шекеринска, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Кичево.

Секоја политичка партија која посакува државата да функционира како демократска, потенцираше, треба да ја прифати оваа аргументација.

– Ова не го правиме за себе, ние сите сме министри и би требало ние да сакаме-ајде уште малку да ни продлжи мандатот, аопозицијата да вели ајде побрзо на избори. Меѓутоа, имам чувтство дека дел од опозицијата ги смета своите шанси за победа мали, дека смета дека ако се одложат избори оти тоа ќе се промену. Ова не се избори кои треба да бидат по „ќеифот“ ниту на СДСМ, ниту на ДПМНЕ, туку ова се избори што треба да и овозможат на оваа држава да функционира како часовник, а не да функционира со половина капацитет, нагласи Шекеринска.

Нејзиниот став, потенцираше, го кажува како министер во Влада која не сака државата да биде со половични институции. Ние сме денеска со половични институции, во услови на се уште постоечки кризи во светот од епидемијата, економски, а не функционира Собранието. Тоа може да трае месец, два, три, но не може да трае предолго. Ниту една власт којашто е демократска не посакува да егзистира без контрола. Кога немате Собрание вие немате законодавна контрола врз извршната власт, потенцираше Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он