Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска имала сообраќајка со возило во близина на Гевгелија.
Никој во возилото во кое била Шекеринска не е повреден.
Од СДСМ ја потврдија информацијата:
„Ја информираме јавноста дека денеска, кај населеното место Мрзенци (Гевгелија), се случила сообраќајна незгода при што возило, коешто претекнувало камион на недозволено место на патот, преминало на другата страна од коловозот и удрило во приватното возило во коешто се превезувала и заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, со нејзините родители.
Заменик претседателката Шекеринска и сопатниците се во добра здравствена состојба“.