(ВИДЕО) Шекеринска: Имајте доблест, свртете им го грбот на криминалците

Од:

– Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ зборуваат за нешто што се правело пред 2,3 или 5,6 години, апелираат никому да не му се крати правото на збор. Тоа го прави партијата која со менување на Деловникот ги скрати сите права и процедури, рече Радмила Шекеринска.

Таа потсети дека Вељаноски за кршење на Уставот и процедурите веќе е казнет од Судот во Стразбур и кажа дека стопирање на легитимен член од Деловникот е узурпирање на Собранието.

– Доаѓаат пораки од ваши сестрински партии. Партијата на Малта каде што Груевски беше гостин порача да се избере спикер на Собранието без одлагање. Едвард Кукан порача Парламентот да работи според нормални процедури. Една ваша сестринска партија бара разум, друга нормални процедури, рече Шекеринска.

Таа потсети дека конститутивната седница во 2006-та година, кога ВМРО-ДПМНЕ ја презеде власта од СДСМ започнала во 11. часот, имало еден час пауза и завршила во 13 и 30 часот.

Шекеринска побара од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да имаат доблест и да им го свртат грбот на криминалците.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ