Шекеринска и Димитров: До Самитот во Лондон ќе имаме амабасадор и воен претставник во НАТО

Од:

До самитот на НАТО во Лондон на 3 и 4 декември ќе се знаат новиот амабасадор и новиот воен претставник на Северна Македонија во Алијансата, најавија денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска и шефот на диломатијата Никола Димитров.

– Северна Макеоднија до самитот на НАТО ќе има избран свој воен претставник во Алијансата. Нашите мисии се зајакнуваат – и во дипломатскиот и во одбранбениот дел. До крајот на годината се очекува да имаме и нови простории за нашата мисија, рече Шекеринска по средбата со шефот на канцеларијата на НАТО во Скопје, полковник Зоран Јанковиќ.

Министерот Димитров очекува во наредните денови да биде завршена работата и околу назначувањето амбасадор во НАТО.

– Тоа ќе биде човек со искуство и со политичка тежина кој достојно ќе преставува во НАТО. Ако по 25 години сме на чекор пред влез во НАТО, ќе биде крајно несериозно ако политичките фактори кои учествуваат во постапката за именување амбасадори не успеат да го обезбедат тоа. Ќе биде исклучително лош сигнал ако полноправното членство го дочекаме со вршител на должност, истакна Димитров, сепак, изразувајќи увереност дека во наредните денови ќе биде назначен амбасадор во Алијансата.

Информира и дека во МНР веќе е подготвен нацрт закон за прифаќање на Северноаталаткиот договор во нашето Собрание со што и официјално Северна Македонија ќе стане 30. членка на НАТО. Од тоа, посочи Димитров, не дели само една ратификација – во Шпанија, што очекува наскоро да се случи.

Би можело да ве интересира

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

МНР реагира за Михаилова: Владеењето на правото не смее да биде селективно

Горан Наумовски

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана