Шекеринска: Хераклеа ни праќа историска лекција, немој да дозволиш грешка, немој да пропуштиш шанса

Од:
Кога ќе се спои сликата убава и добрата мисла, чудата навистина се можни, се наоѓаме на магична локација, на древна населба и раскрсница, како Хераклеа, таа минала низ разурнувања, низ подеми и падови, низ проблеми и решенија, и таа ни праќа една историска лекција, немој да дозволиш грешка, немој да пропуштиш шанса, истакна носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во изборната единица пет, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, на завршната граѓанска трибина во Битола.
Истакна дека во оваа кампања, тоа е главната порака којашто ја испраќаат „бидејќи како држава пред само две и пол, три години излеговме од една грешка, тешко беше ама излеговме и во овие две и пол години ја ставивме државата на вистинскиот пат, немаме веќе право на грешка и 15 јули е знак дека не смееме да си дозволиме грешка“.
-Хераклеа го добила името по Херкул, а тој морал да заврши десет работи за да најде спасение, а зад нас се две и пол години и големи подвизи, јас сакам само да ги набројам првите десет кој ми паднаа на ум, нагласи Шекеринска.
Додаде дека по 30 години говорење, никогаш во Хераклеја, но многу пати во Битола за НАТО денеска „можам пред вас со чист образ и многу високо крената глава да кажам членка сме на НАТО, по 30 години муабет имаме резултат“.
-Ама ги почнавме и преговорите со ЕУ, тоа е 2:0, но нашата влезница со Преспанска адреса имаше и една додадена вредност, после Преспанскиот договор ништо веќе не е исто, она што го имаме во рака и што ќе го имаме навек е дека македонскиот јазик станува меѓународно призаен, потврден, а нашиот идентитет цврст.
Македонскиот јазик ќе биде службен јазик на ЕУ, тоа е 3:0, порача Шекеринска.
Четвриот подвиг, како што кажа, бил тоа што покажале дека парите реално можат да се враќаат кај граѓаните.
-Да ги изброиме сите политики и сите одлуки во Собранието, во Владата, на локално ниво каде што овозможивме повеќе пари во џебот на граѓаните, повеќе пари во буџетите на фирмите а помалку пари во буџетот на државата затоа што така треба, нема да ги спомнувам ни радиодифузната такса, ни евтината струја ни Мој ДДВ, ни намалените комунални такси во Битола сето тоа беа мерки за да покажеме дека знаме каде највеќе боли и што е највеќе потребно, во најтешката криза ние покажавме само во Битола дека може да помогнеме над 2000 фирми, дека можеме да помогнеме во цела држава на 324 000 луѓе на кои што им пуштивме платежни картички за да трошат и да ја помагаат домашната економија, само во ИЕ5 успеавме во успеавме во изминатиов период 30 милиони евра да ги пуштиме кон фирмите, не за да само ги трошат туку да плаќаат подобри плати да отвораат подобри работни места и богами да отвораа повеќе работни места 4:0, порача Шекеринска.
Нагласи дека по десет години минималната плата е зголемена од девет илјади на 14.500 денари. Социјалната помош, ја зголемиле три пати и им помогнале на општините, со долговите кои за 11 години им ги натовариле на вратот.
-Ние не даваме пари за стиротор кој глуми меремр, туку дадовме во македонски културни вредности, кои стоеа заборавени, Охридското крајбрежје, реставрација на Курбиново, Офицерскиот дом во Битола, кои не се лажната историја, туку вистинските вредности, истана Шекеринска.
Последниот подвиг, додаде таа, е што на јавното здравство можеме да му веруваме и во најтешката криза на него да се потреме, но тоа не ни падна во небо, инвестиравме во лиѓе, доктори, медицински персонал, инвестиравме во болници, како оваа во Битола.
-На јавното здравство може денеска да му честитаме и можеме да му се поклониме, кога беше најтешко, тоа беше најдобро и затоа денеска од Битола ќе испратиме аплауз за сите кои се на дежурство, во Скопје, Битола, низ цела држава, и не штитат и го чуваат она што е највредно: животот и здравјето, порача носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во изборната единица пет, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, на завршната граѓанска трибина во Битола.

Би можело да ве интересира

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Формирана „Коалиција за европска иднина“

Предраг Петровиќ

СДСМ: Безбедни ученици, бесплатен топол оброк во средно и основно

Горан Наумовски

СДСМ: Платформа од минатиот век се нови лажни ветувања на ДПМНЕ по пример на Скопје

(ВИДЕО) СДСМ и Движењето Нова Република потпишаа меморандум за соработка во пресрет на изборите

Николоски: Дали СДС, Ковачевски и Пендаровски го плаќаат консултантот Еисин со пари од кешот што го извлекувале од тендерите со РЕК