Шекеринска: Фокусирани сме на граѓаните да им обезбедиме подобар живот

Од:

Премиерот беше многу јасен, можни се рокади во министерските места, меѓутоа фокусот е на политиката која на граѓните ќе им обезбеди подобар живот, порача министерката за одбрана Радмила Шекеринска во коментар на шпекулациите дека има криза и поделба во Владата по бегството на Никола Груевски и дека таа ќе го наследи премиерот Зоран Заев.

-Бегството на Груевски реално стана главна вест заради тоа што човекот кој тврдеше дека сите проблеми ќе ги земе на свој грб и ако треба ќе оди во затвор, преку ноќ го смени планот и избега. Меѓутоа тој проблем не треба воопшто да создава последици на политички план. Нашата влада во изминатиот период се фокусираше на откривање на прашањето што се доведе до таа ситуација, како да се справиме со последиците, како да обезбедиме Македонија да не ја плаќа цената на тој акт и да функционираат останатите делови на системот. Владата го донесе буџетот, го предложи до Собранието. Тој буџет ги рефлектира нашите реформски приоритети и покажува дека за клучните прашања имаме јасен прецизен и иднетичен став. Нашата цел е да ги оствариме нашите ветувања пред граѓаните, рече таа во одговр на новинарско прашање во Криволак.

Тие ветувања, нагласи, не се политички.

-Тие се многу реални, како следната година да обезбедиме повиски плати, повеќе инвестиции, подобар економски развој и остварување на нашите стратешки цели, почеток на преговори со ЕУ и членство во НАТО. Сите други губења на енергија ќе бидат контрапродуктивни за сите нас, рече Шекеринска.

Би можело да ве интересира

МО: Насковски уште во мај 2023 година е разрешен од функцијата претседател на синдикалната организација НСПВ

НСПВ: Министерството за одбрана ја сопре членарината на синдикатот и на тој начин го оневозможува синдикалното делување

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

Орце Костов

Министерството за одбрана ниту демантира ниту потврдува дека авионите „Сухои“ ќе и ги донира на Украина

Орце Костов

Уште две министерки побараа апанажа: Царовска молчи за плановите, Шекеринска размислува

Кристијан Ландов