Шекеринска: Единствените кои немаат право да говорат за нашата антифашистичка борба е партијата којашто изгради кариера работејќи против антифашизмот

Од:

Можеби единствените кои немаат право да говорат многу за нашата антифашистичка борба е токму партијата којашто изгради кариера зборувајќи и работејќи против антифашизмот. Тоа се истите луѓе коишто уништуваа споменици на наши херои, истите коишто го избркаа Сојузот на борци на улица и истите кои што се трудеа да фрлат идеолошка сенка на таа горда епизода во нашата историја, истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска во одговор на новинарско прашање околу најавата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за барање на доверба за премиерот Зоран Заев, по неговите изјави за бугарски медиум.

Таа нагласи дека опозицијата има апсолутно право да поднесува иницијативи во Собранието и оти, како демократи тоа ќе го прифатат, се подготвуваат, и од тоа ќе излезат како победници.

– Опозицијата има апсолутно право да поднесува иницијативи во Собранието и тоа ние никогаш нема да го критикуваме ќе го почитуваме како дел од политичката култура во нашата држава што не може да се каже за другите начини на нивно функционирање како што е последниот обид уште еднаш да го блокираат работењето на Парламентот, истакна Шекеринска.

Таа наведе дека, луѓето кои во јуни месец ги блокирале фондовите на Светска банка за да не можеме денеска да имаме повеќе модуларни болници пред сите болници во поголемите градови низ државата, денеска се трудат целосно да го блокираат и Собранието во условина тешка епидемија.

– Така што за иницијативите за доверба нека повелат. Мислам дека тоа повеќе ќе зборува за нивната слабост отколку за нивната сила и ќе покаже дека сите овие иницијативи да се стават сопки во најтешкото, да се блокираат институциите во најголемата криза покажува дека единствената битка која ја водат е како да си ги сочуваат сопствените партиски фотелји, а не како да и помогнат на државата, нагласи Шекеринска.

Министерката за одбрана потенцираше дека како држава сме единствена можеби која што не го решава проблемот на изолирани или заболени пратеници.

– Претениците во Собранието не се само граѓани со име и презиме, тие се претставници на 6000-7000 граѓани и кога некој не им дозволува да учествуваат во дебатата, да гласаат, да го кажат своето мислење и да придонесат тој всушност работи против интересите на граѓаните коишто ги претставуваат. Затоа веќе видено е најавата на барање на доверба, потенцираше Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО