Шекеринска – Апатурај: НАТО силно ја поддржува Македонија во процесот на пристапување во Алијансата

Од:

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска имаше работна средба со заменикот-помошник генерален секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, Џејмс Апатурај, која се реализира во рамките на процесот за пристапни разговори на Македонија во Алијансата.

На средбата, министерката Шекеринска рече дека со целосна посветеност, храброст и решителност, Владата последната година работеше на три значајни прашања – Договорот со Бугарија, Договорот за прашањето за името со Грција и меѓуетничките односи во земјава. Во однос на членството во НАТО, Шекеринска додаде дека тимовите во Министерството се подготвени да ги започнат пристапните разговори и дека тој процес се движи според планираната динамика, соопшти Министерството за одбрана.

– Пристапните разговори кои се еден од последните чекори пред полноправно членство во НАТО ќе ни помогнат да останеме фокусирани, да работиме напорно и да ги избереме вистинските приоритети. Со изработката на Стратегискиот одбранбен преглед, како клучен документ, ги почнавме дискусиите за реформите во одбраната и подготвени сме да ги реализираме, рече министерката.

Шекеринска потенцира дека фокусот во одбраната од самиот почеток е на подобрувањето на условите за работа на припадниците на Армијата, а тоа се гледа и преку зголемувањето на одбранбениот буџет оваа година за 15 проценти, и планот за негово понатамошно зголемување до препорачаните 2 проценти од бруто-домашниот производ. Исклучително важно, рече Шекеринска, е и начинот на кој ќе ги трошиме средствата во одбраната, а во следниот период нашиот фокус е да иницираме планови за модернизација.

Заменикот – помошник генерален секретар на НАТО, Апатурај честитајќи за лидерството на Македонија во регионот, истакна дека земјата направи голем пресврт за краток период и дека добрососедската политика на Македонија е впечатлива и за соседите, кои дадоа силна поддршка за полноправното членство на земјата во Алијансата.

Апатурај се согласи дека е исклучително важно како ќе се троши буџетот за одбраната и понуди помош и поддршка од страна на НАТО. Тој изрази благодарност за континуираниот придонес на Македонија во мировната мисија на НАТО во Авганистан, кој е признаен од сите сојузници, соопшти МО.

Би можело да ве интересира

Русија распореди три „прстени“ за воздушна одбрана за да ја заштити Москва

Мисајловски најави забрзана модернизација на одбраната во 2026 година

(ВИДЕО) Зеленски: Наскоро ќе извезуваме оружје, така ќе ја плаќаме одбраната

Германската влада ја зајакнува воздушната одбрана на источното крило на НАТО

Шекеринска: НАТО нема да се двоуми во обезбедувањето помош за Украинa

Горан Наумовски

Хегсет предупредува на непосредна закана од Кина, побара поголеми трошоци за одбрана