Шефот на кабинет на Рафиз Алити пред истражен судија

Од:

Шефот на кабинетот на директорот на „Македонска пошта“, Рафиз Алити, изведен е пред истражен судија.

Се сомничи дека го предизвикал пожарот во „Македонска пошта“, со што сторил тешко дело против општата сигурност.

Според истрагата, причина за пожарот, кој избувнал во канцеларијата на шефот на кабинет е човечки фактор.

g_posta-policisko-voziloАлити пак тврди дека шефот на кабинетот во моментот на избувнување на пожарот, не бил во канцеларијата.

Рафиз Алити, кој е еден од видните луѓе во коалициската ДУИ вели дека апсењето било политички мотивирано

Истрагата треба да утврди колкава е штетата од пожарот.

Во пожарот настрада и импозантниот мурал на Борко Лазевски.

Кога се случи пожарот „Поштата“ не беше осигурена. Подоцна беше склучен договор со осигурителна компанија која се обврза да ги покрие трошоците.

Би можело да ве интересира

Штрајкот на Пошта во мирување, се чека Владата за помирувачот да закаже состанок со новиот министер

Анита Петровска Рајковиќ

Поскапени поштенските и курирските услуги

Вработените во Пошта протестираат: Не знаеме кога ќе земеме плата, 2000 вработени ќе останеме на улица

A1on

Еден шеф на еден работник во Пошта: Поштари нема, но администрацијата е преполна

A1on

Двочасовен протест утре во националната Пошта

Горан Наумовски

„Купувајте загубени пратки за само 123 денари!“: На интернет си поигруваат со АД Пошта

A1on