Шефот на германската дипломатија Вестервеле во Македонија

Од:

Министерот за надворешни работи на Германија Гидо Вестервеле денеска доаѓа во Македонија на средби со македонскиот државен врв.

Како што соопштија МНР и Германската амбасада во Скопје, Вeстервеле ќе се сретне со претседателот на државата Ѓорге Иванов, со заменик-престедателот на Владата за евроинтеграции Фатмир Бесими и со шефот на дипломатијата Никола Попоски. Предвидено е тој да разговара и со претседателот на опозициската СДСМ Бранко Црвенковски.

Централна тема на разговорите ќе биде процесот на евроинтеграцијата на Македонија во пресрет на Самитот на Европскиот совет во јуни 2013 година. Вестревеле ќе биде информиран и за политичката ситуација во земјата. Се очекува да бидат разгледани и можностите за интензивирање на билатералните односи и економската соработка меѓу двете земји.

– Германија се гледа како еден од клучните партнери на земјите од Западен Балкан. Во согласност со европските партнери, министерот Вестервеле ќе ја искористи посетата за потврдување на очекувањата поврзани со реформските процеси во земјите од регионот и нивно унапредување, се вели во соопштението од Амбасадата.

Вестервеле во Македонија ќе дојде од Албанија, која ќе ја посети во рамки на неговата мини турнеја во регионот.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија