Шефот на албанската дипломатија Бумчи во посета на Македонија

Од:

На покана од македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски, денеска и утре во официјална посета на Република Македонија ќе престојува шефот на албанската дипломатија Алдо Бумчи.

Се очекува министрите Попоски и Бумчи да разменат мислења за билатералните односи и можностите за нивен натамошен развој, како и за заедничката соработка во контекст на ЕУ, НАТО и на регионален план.

За време на посетата, како што најави МНР, министерот Бумчи ќе биде примен од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, од претседателот на Собранието, Трајко Вељановски, како и од потпретседателот на Владата, Фатмир Бесими.

Би можело да ве интересира

Oсудa за опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

МНР на бугарскиот амбасадор Радуков му упати усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“

Горан Наумовски

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток