Шефицата на албанската дипломатија Отља Џачка во Скопје

Од:

Министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Ољта Џачка денеска ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија, при што ќе оствари средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Како што информираат од МНР, теми на разговор на средбата меѓу министрите Османи и Џачка се очекува да бидат посветеноста на двете земји за одржување на високото ниво на билатералната соработка, пристапниот процес за членство на двете држави во ЕУ, соработката во рамки на НАТО и регионалната динамика, со посебен осврт на неодамна постигнатиот договор меѓу Косово и Србија.

Покрај средбата со нејзиниот хомолог, предвидено е Џачка да оствари средби и со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Талат Џафери, првиот заменик-претседател на Владата, Артан Груби и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Би можело да ве интересира

Османи – Дачиќ: Да се интензивира дијалогот и соработката во регионот

Ана Ололовска

Ковачевски мислел на политичари, а не на политиката на Бугарија кога премиерот ја спореди со Русија

Орце Костов

Османи: Потребна е стратешка решеност за забрзана интеграција на регионот во ЕУ

Ана Ололовска

Османи на интервју со Рикер: Дипломатијата е и работа со луѓе на терен, не само преговарање на маса

Ана Ололовска

МНР му одговори на Ковачев: Европратеникот патувал заедно со лица кои биле ризик за МВР, затоа бил вратен од граница

Орце Костов

Бугарското МНР реагира поради забраната за влез на петмина бугарски државјани