Шеесетина работници на ЈП „Охридски Комуналец“ ќе бидат казнети

Од:

Шеесетина работници на Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ деновиве ќе бидат казнети со запирање на одреден процент од нивниот паричен надоместок. Од најголемата опозициона партија обвинуваат дека раководните кадри на ЈП „Охридски Комуналец“ безмилосно удрија врз работниците наместо да се грижат за јавната чистота на Охрид.

Според информациите доставени до нас, поголемиот дел од казнетите работници користеле годишен одмор или слободни денови за време на изрекувањето на казните. Да биде иронијата уште поголема, ЈП „Охридски комуналец“ на санкционираните работници им должи слободни денови или часови, кои работниците порано ги одработиле, но не се во можност да ги искористат – велат од Општинската организација на СДСМ во Охрид.

Од партијата прашуваат дали менаџерскиот тим на ЈП „Охридски Комуналец“ ќе има доблест да им се извини на оштетените работници и да ја поправи грешката со која што создадоа немир во семејствата на неправедно казнетите.

А1он побара одговор од директорката на ЈП „Охридски Комуналец“, Елена Скрческа која што призна дека дел од работниците биле на годишен одмор. Наводно, како што вели директорката, работниците ќе бидат казнети заради редовност односно пропустите во евидентирањето со електронската картица.

Се уште не се казнети работниците. По нашиот правилник за редовно доаѓање и заминување од работниот ден, односно исполнување на обврската за редовност, направивме една рутинска контрола кој од вработените три пати не се евидентирал со електронската картица. Согласно законските прописи ние сме должни да имаме електронски картици и вработените редовно да се евидентираат. Имаше неколку кои што биле на годишен одмор, па согласно правилникот тие ќе поднесат жалба и нема да им биде одземена редовноста – рече Скрческа во одговорот за А1он.

Дали казнената политика на административците е новиот начин на зголемување на финансиските средства на Општина Охрид?! Дали со кратење на платите на општинската администрација и работниците во јавните претпријатија ќе се исполнуваат лошите ефекти од катастрофалното владеење на локалната власт на ВМРО – ДПМНЕ во Охрид?!

 

Ф.Ј.

 

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Горан Наумовски

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски