Шеесетгодишен пешак тешко повреден во Тетово

Од:

Шеесетгодишен пешак е потешко повреден вчера во Тетово кога во него удрил автомобил БМВ го гостиварски таблици.

Полицијата соопшти дека вчера околу 17:00 часот на крстосниците на улиците „Видое Смилевски-Бато“ и „29-ти Ноември“ во Тетово, патничко моторно возило „БМВ“ со гостиварски регистерски таблици, управувано од А.Б.(33) од Гостивар, удрило во пешакот Т.Ш.(60) од Ларце.

Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди и укажана му била лекарска помош во тетовската клиничка болница по што бил пренесен на скопските клиники.

Од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово бил извршен увид на местото на настанот.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози