Шеесет и деветгодишна жена е жртвата во синоќешната сообраќајна несреќа во Чаир

Од:

Жртвата во сообраќајната несреќа што вчеравечер се случи на булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ во скопски Чаир е 69-годишна жена од Скопје со иницијали Н.П..

За сообраќајката било пријавено вчера во 18.40 часот во СВР Скопје. Жената починала од повредите на местото на несреќата откако била удрена од патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Џ.(19) од Скопје. Нејзината смрт ја констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Како што вчера информираше МВР, деветнаесетгодишната А.Џ. се здобила со телесни повреди констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

МВР не соопштува за причините за сообраќајната несреќа.

По наредба на јавен обвинител телото на почината било дадено на обдукција. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он