Шчербак: Со заеднички акции може да се надминат предизвиците со тероризмот

Од:

Само со заеднички акции и врз основа на заемно почитување и заеднички интерес може да се надминат предизвиците поврзани со тероризмот, изјави денеска амбасадорот на Русија во Македонија Олег Шчербак, на предавање на МИТ Универзитетот на тема „Аспекти на актуелната руска надворешна политика“ организирано од Дипломатскиот клуб во Скопје. 

– Дојде време да им се стави крај на илузиите и играта на зборови за поделба на терористите на добри и лоши. Да се прогласува борба против нив, а истовремено да се користат за реализирање на сопствената агенда. Да се соочиме со вистината затоа што ваквата политика базирана врз двојни стандарди и медиумски војни доведува до регионални, но и меѓународна криза, рече Шчербак.

Според него,  сепак, добар е трендот на обединување во борбата со тероризмот, кој уследи по најновите напади.

– За жал, шок терапија беа терористичките напади врз рускиот патнички авион и Париз. Ова ги принуди велесилите да воспоставуваат контакти меѓу воени и разузнавачки ресурси. Се формира широка антитерористичка коалиција. Треба да се дизајнира ефикасен систем за управување со кризи и систем за колективна безбедност за сите, не само за привилегираните, а темел да биде меѓународното право со гаранции на Обединетите Нации, вели рускиот дипломат.

Во однос на Република Македонија, Русија, рече, е заинтересирана за стабилност и просперитет на Балканот и на пријателска Македонија, што е изводливо само со регионална соработка.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза