Шарената револуција денеска на протест: Уште три дена

Од:

Демонстрантите од Шарената револуција денеска ги потсетува власта и институциите дека остануваат уште три дена до исполнување на нивните барања преку протест.

„Граѓанки и граѓани, уставен суд се уште не постапува по нашето барање за заштита на правдата. Прашуваме, планира ли овој суд, оформен во име на граѓаните и платен со пари на граѓаните да се произнесе за Специјалното јавно обвинителство? Или планира да го укине? Додека обројуваме за одговор на ова прашање, прогонот врз демонстрантите се уште трае. Наместо повлекување на пријавите, добиваме информации за нови прекршочни и кривични. СЈО се уште е под закана! Демонстрантите се уште се под закана! Затоа, ајде уште еднаш заедно да им ја покажеме нашата бескомпромисност!
Повикуваме на протест во среда во 18:00 часот пред СЈО и блокади на мостови во четврток во 12:00 часот во Скопје – Мост Гоце Делчев, Мост Слобода и Мост Мајка Тереза (кај МАНУ)!

Нема да дозволиме криминалците да останат неказнети, а демонстрантите да бидат под прогон!.Многу сме, моќни сме, секој/а од нас споделува силна идеја за праведна држава и слободно општество и тоа ќе покажеме преку нашите следни дејствија. Конечно, после најновата вест за напуштањето на бродот кој тоне од страна на Ставрески, потсетуваме дека не побаравме оставка на еден министер, туку оставка од цела актуелна влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и формирање на преодна влада која докрај ќе ги спроведе итните реформски приоритети од извештајот на Прибе и ќе создаде услови за фер избори“, напиша Шарената револуција на Фејсбук профилот.

Освен во Скопје, протести ќе има и во повеќе градови во Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Берлин се крена против АфД: Илјадници протестираа по изборниот триумф на десницата

Горан Наумовски

Северина застана зад граѓаните кои протестираат во Загреб

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест во Загреб: Отпадот во Госпиќ не е изолиран случај

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Започна „Маршот за Лика“ – „Предавството нема да го простиме“

Горан Наумовски

Протест во Загреб против опасниот отпад во Госпиќ: Граѓаните бараат итна санација

Горан Наумовски

Протест на македонските транспортери: „Вака повеќе не може“, бараат решение од ЕУ

Горан Наумовски