Шапуриќ: Наместо нова зграда на ЈП „Водовод“, повеќе инвестиции во водоснабдувањето

Од:

На последната седница на Советот на град Скопје, во рамките на расправата за инвестиционата програма на ЈП „Водовод“ – Скопје, советникот од ЛДП, Зоран Шапуриќ истакна:

„Наместо непродуктивни инвестиции, како што е прескапата баркона зграда на ЈП ‘Водовод’, програмата требаше да посвети многу поголемо внимание на инвестициите кои ќе ги намалат загубите во системот, многу поинтезивна замена на азбесните цевки и на другите дотраени водоводни цевки, стари и преку 40 години. Исто така, се потребни многу поинтзивни инвестиции во подземните бунари, бидејќи капацитетите на изворот ‘Рашче’ не се неограничени и брзиот пораст на населението во Скопје, како и прекумерната неодржлива градба создаваат се’ поголеми проблеми во водоснабдувањето на граѓаните, а особено на повисоките катови од станбените згради. Затоа, неопходно е да се пренаменат непродуктивните инвестиции на јавното претпријатие од нов административен простор, во подбрување на водоснабдувњето и подобар квалитет на услугите на граѓаните“, заклучи Шапуриќ.

Би можело да ве интересира

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он

(ВИДЕО) Зајкова: Срамно е по 18 месеци чекање нов Кривичен законик, да добиеме само козметички интервенции

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски

Иницијативен одбор за реформи во ЛДП: Како од „фабрика на идеи“ ја сведовте ЛДП на непрепознатлива НВО организација

Предраг Петровиќ

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори