Шапуриќ: Масовната и безмилосна сеча на шумите на планината Скопска Црна Гора имаше влијание на поплавите

Од:

На последната седница на Советот на град Скопје, во рамките на советничките прашања, советникот од Либерално демократската партија, која делува во рамките на советничката група на Сојзот на иднината, Зоран Шапуриќ, во рамките на прашањето до градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски напомена дека на штетите од поплавите од невремето што го погоди градот Скопје и околината, влијаше во голема мера и масовната безмилосна сеча на шумите на планината Скопска Црна Гора, која трае со години, а надлежните институциите не прземаат ништо да се спречи оваа сеча.

Ова влијаеше на намалување на моќта на задржување на слевање на водите и до предизвикување на негативни последици. Соглед на тоа што реално и во иднина може да се очекуваат обилни врнежи на оваа подрачје, Шапуриќ праша: “Што ќе направи градоначалникот и органите на градот Скопје за да се спречи оваа масовна безмилосна бесправна сеча на дрвата на планната Скопска Црна Гора“?

Одговарајќи на прашањето на Шапуриќ, градоначалникот Трајановски се согласи дека оваа сеча зема се поголем замав и дека тој и органите на градот Скопје во иднина ќе вложат многу поинтезивни напори во соработка со надлежните државни органи да се спречи оваа сеча.

Воедно, на седницата Шапуриќ потенцираше дека јавноста мора да биде информирана за мерките и активностите за спречување на бесправната сеча на шумите.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Пронајдени се изгубените туристки во реонот на Водно-Матка

Горан Наумовски

ЦУК: Исчезнатите државјани на Полска кои се изгубија на Водно се пронајдени и се на безбедно

Горан Наумовски