Шансите за обезбедување 10 пратеници се реални и остварливи, велат извори од собраниските клупи

Од:

Шансите за обезбедување на 10 пратеници од опозицијата до крајот на неделата за спроведување на уставните промени кои произлегуваат од Пржинскиот договор се реални и остварливи. Актуелната власт и меѓународната заедница повеќе се наклонети кон ова решение наспроти предвремени парламентарни избори, велат за А1он извори од собраниските клупи.

Засега е непознато со што се тргува и со кои пратеници од опозицијата конкретно се преговара, но познато е дека до крајот на неделата ќе се знае исходот од оваа операција која моментално се спроведува на политичката сцена.

По објавувањето на резултатите од страна на Државната изборна комисија за Референдумот, премиерот Зоран Заев ги наведе овие две сценарија како опции за спроведување на договорот. Доколку власта не успее да „убеди“ десет пратеници од опозицијата, второто сценарио, се предвремени парламентарни избори за кои лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски побара да бидат спроведени по Пржинскиот модел со техничка влада 100 дена пред нивното одржување.

Засега во јавноста како поединци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои би гласале за уставните промени се спомуваат оние кои се обвинети односно против кои се водат судски постапки за разни дела. Меѓу нив се Даниела Рангелова, Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Љупчо Димовски, Никола Груевски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање