Шанса за Центар- Реакција на невистинитите тврдења на градоначалникот на Центар Герасимовски за „Треска“

Од:

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во вчерашниот медиумски настап тврдеше дека општината нема право да го уредува земјиштето кај „Треска“ бидејќи е приватно. Шанса за Центар го потсетува градоначалникот дека Законот за урбанистичко планирање јасно дефинира дека јавниот интерес е над приватниот.

Урбанистичкото планирање се врши за да се уреди просторот кој е и приватен и јавен, балансирано помеѓу интересите, но секогаш со приориетизирање на јавниот интерес. Просторот на секој урбанистички план опфаќа и приватно и јавно земјиште. Конкретно за опфатот кај ф-ка Треска државата поседува вкупно 47,16%, односно скоро половина од вкупната површина со што го побива градоначалникот и вистинитоста на неговите тврдења.

Градоначалникот или не ја видел оваа информација, или во меѓувреме општината раководена од СДСМ ја промениле оваа реалност, неинформирајќи ја јавноста. Го повикуваме Градоначалникот Герасимовски да даде одговор за ова!

Герасимовски невистинито тврди дека досега не е решено уредувањето на локацијата. Да го потсетиме:
1. Советот во фебруари 2020 донесе одлука со која локалитетот беше издвоен од планот и за негово уредување, а според последниот Закон за Урбанистичко планирање се одлучи да се решава со конкурс

До сега оваа одлука на Советот не е поништена, ниту оспорена и Герасимовски нема право да не ја спроведува или игнорира. Така демонстрира незаконито и недемократско владеење, слабост во капацитетите за спроведување Одлуки на Совет, крајно непознавање на својата функција, но најмногу од сѐ, укажува дека интересот на инвеститорите му е поважен отколку јавниот!

2. На спроведениот конкурс се добиени три идејни решенија од тимови на стручни лица, архитекти, кои служат токму за да дадат насока и идеја како да се уреди локацијата запазувајќи ги условите за обезбедени, комунални, образовни, социјални услуги, и за безбеден и квалитетен живот на идните станари. Решенијата умешно го комбинираат просторот кој е делумно во приватна сопственост, но запазувајќи ги интересите на сите. Со нив се предвидува и изградба на згради, но и зелени површини и јавен простор, доволно паркинг, градинка и деловен објект.

3. Изборот на решенијата беше оценуван од стручна 9 члена комисија во која беа претставници на 8 различни институции и организации.

Градоначалникот иако ги има во рака конкурсните решенија, платени од парите на граѓаните на Центар, веќе четврти месец не организира јавна презентација пред стручната и засегнатата јавност. Со тоа ја скратува можноста за дијалог, за дебата и за да креативната идеја надвладее над инвеститорската, за да архитектите можат да ги образложат своите идеи за поквалитетно уредување на просторот и нов урбанистички план.

За да иронијата биде поголема, додека градоначалникот на Центар од СДСМ не ги покажува отворено конкурсните решенија, Општина Кисела Вода под водство на ВМРО ДПМНЕ го користи токму конкурсот за ф-ка Треска за да го реши планирањето на локалитетот Расадник.

Со ова Герасимовски докажува дека политичка воља за нови убанистички политики во Центар не постои и дека нема храброст за да ги смени штетните последици од лукративните планови од 2012.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Државата троши над 20 милиони евра за нафта и мазут: Мапирани 700 јавни објекти загадувачи низ Македонија

Орце Костов

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Општина Центар: Град Скопје да го реши хаосот со сметот