Шаќири: Мораме да се грижиме за безбедноста на луѓето во сајбер просторот

Од:

Како Влада мораме да се грижиме за безбедноста на луѓето во сајбер просторот и да воведеме нови заштитни и безбедносни мерки, не само за владините системи, туку и за целата инфраструктура која е од суштинско значење за благосостојбата на граѓаните, рече денеска министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири.

dobivaj vesti na viber

Тој во своето обраќање на 17-та конференција „Демократијата во дигиталната ера: предизвици и можности“, што се одржа во организација на фондацијата Метаморфозис посочи дека слободата на изразување, слободата на медиумите и заштитата на медиумскиот плурализам се најзначајни за демократијата.

Но од друга страна, како што рече, се случуваат големи предизвици, како што е ширењето на лажни вести. Затоа, според министерот, критичкото размислување и медиумската писменост се најважните алатки кои можеме да ги користиме во борбата против манипулацијата со информации, лажните вести, лажното известување, дезинформациите, пропагандата, измамата.

Шаќири се осврна на заложбите и активностите што ги презема Министерството за информатичко општество и администрација и Владата во доменот на дигитализацијата, како и на предизвиците поврзани со развојот на технологиите.

-Додека критичната инфраструктура е во доминантна сопственост на приватниот сектор, со оглед на тоа што нашиот свет сè повеќе меѓусебно се поврзува, Владата мора да ги води и да ги заштити активностите поврзани со ова. Затоа во моментов со нашите партнери од УСАИД работиме на програма дизајнирана да ја подобри подготвеноста за сајбер безбедност на Критичната инфраструктура и клучните ресурси на Северна Македонија, рече министерот Шаќири.

Тој информираше дека МИОА ја координира иницијативата „Отворено владино партнерство“, потврдувајќи ја нивната заложба за континуирано подобрување на работата на Владата врз основа на отворени, транспарентни, безбедни и ефикасни владини институции кои комуницираат и соработуваат со граѓаните.

-Континуирано го охрабруваме објавувањето и користењето на отворени податоци, чијашто крајна цел е зголемување на транспарентноста и отчетноста на државните институции, рече министерот Шаќири.

Конференцијата се организира во синергија со проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА”, ко-финансиран од Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Министерот Шаќири за процент не сака да разговара, договор за платите на наставниците до вторник

(ВИДЕО) Министерот за образование: Се разгледува можноста за настава по 10 јуни

А1он

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он

Шаќири: Буџетот на МИОА за 2022 изнесува 1.323.684.000 денари

Ана Ололовска

Шаќири: Еден заеднички и отворен пазар на труд уште повеќе ќе го поврзe регионот на Западен Балкан

А1он

Шаќири: Ревизија на системот на дискрециските овластувања при вработувањата

А1он