Шахпаска: Борбата за родова еднаквост продолжува и нема да престане​ до исполнување на целта

Од:

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на онлајн состанок со кој се означи почетокот на неколкудневните обуки кои имаат за цел градење на капацитетите на одговорните институции, задолжени за имплементација на новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство.

Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, обуката се спроведува во рамки на проектот Поддршка на имплементација на Национален акциски план за Истанбулска конвенција“ финансиран од Министерството за надворешни работи на Холандија, имплементиран од Министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија.

-Законот за заштита и спречување од насилство врз жените и семејното насилство е многу значаен за нас како општество. Тој предвидува мултидисциплинарен пристап, во кој ќе бидат вклучени и други министерства. Министерството за внатрешни работи, како вистински партнер на Министерството за труд и социјална политика. Министерството за здравство кое ќе биде вклучено во првата фронтална линија пружајќи помош на жртвите на насилство, Министерството за образование, затоа што превенцијата и подигањето на свеста за насилството почнува од најраната возраст и оттука влијанието во обрзованието е многу значајно, потенцираше Шахпаска.

Таа посочи дека никогаш не се доволни алатките, инструментите, човечките ресурси кои што треба да ги ангажираме за да можеме да се справиме со насилството и оттука ваквите активности, како започнувањето со обука на лца кои што ќе можат да пружаат поддршка во делот на превенција од насилството, претставува многу значаен чекор во ефикасна примена на законот.

Амбасадорот на Кралството Холандија во земјава истакна дека на патот кон членството во ЕУ најважно е да се создаде општество каде сите граѓани ќе имаат еднакви права и ќе се третираат еднакво. Владеењето на правото, еднаквоста пред законот, вклучително и правата на жените, е најголем приоритет за Холандија во Република Северна Македонија. Ја потенцираше потребата од професионалци во повеќе сектори за спроведување на Законот спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство и посебно ја исткна улогата на социјалните работници како особено важна во спроведувањето на Законот.

Министерката Шахпаска изрази благодарност на Кралството Холандија, како долгогодишен пријател, особено во сферата на испорачување на демократските вредности, во сферата на човековите права, за подршката што ја дава, за започнување со овие обуки, кои симболично се поклопија со 8 Март како Меѓународен ден на жената.

Борбата продолжува и нема да престане до исполнување на целта,порача министерката Шахпаска, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството како заедница на еден маж и една жена е природна форма

ОКСМ ја презентира програмата за 2022 година, цели – Надминување на родовиот јаз и едукација за родовата еднаквост во спортот

А1он

Платформа за родова еднаквост: Медикаментозниот абортус да биде достапна здравствена услуга и во болниците во другите градови

Ана Ололовска

Шахпаска: Унапредувањето на квалитетот на стручниот кадар е предуслов за квалитетно предучилишното образование​

А1он

Шахпаска: Создаваме систем, кој обезбедува навремена исплата и сигурен раст на пензиите

А1он

Средба Шахпаска-Алиа Ел Јасир, разговарале за проектот на МТСП за родово одговорно буџетирање

А1он