Сезонска полициска канцеларија во Пештани

Од:

Со цел зајакнување на партнерскиот однос со граѓаните, излегување во пресрет на нивните потреби од безбедносен карактер, навремено решавање на безбедносните предизвици и задржување на поволна безбедносна состојби посебно во екот на туристичката сезона, СВР – Охрид отвори полициска канцеларија во населбата Пештани.

Полициската канцеларија се наоѓа во просториите на поранешната полициска станица веднаш до регионалниот пат кон „Св.Наум“ и е видливо означена, а ќе биде отворена секој ден во времето од 11 до 19 часот.

Во посочениот временски интервал граѓаните од Пештани и околните населени места како и туристите, ќе можат да остварат директен контакт со полициските службеници, да пријават одредени настани и ги остварат своите права и да добијат навремена и точна информација.

Во текот на работното време на канцеларијата полициски службеници ќе работаат и ќе преземаат мерки по соодветно изготвен план за покривање на целото подрачје додека во останатиот период од деноноќието севкупните безбедносни мерки ќе се реализираат од останатите служби на СВР Охрид.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ