Северна Македонија денеска на агендата на министрите за надворешни на ЕУ

Од:

Република Северна Македонија денеска ќе биде на дневниот ред на состанокот на министерите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

По добиеното формалното известување од Скопје за употребата на новото име, Советот за надворешни работи на ЕУ денеска ќе нотира дека земјата го променила своето име во Република Северна Македонија.

На состанокот, ЕУ уште еднаш ќе го поздрави Преспанскиот договор и ќе ја изрази својата поддршка за овој процес што, како што велат во Брисел, треба да донесе повеќе стабилност.

Се очекува високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, која ќе претседава со Советот за надворешни работи, или еврокомесарот за проширување Јоханес Хан кусо да ги брифираат министрите за стапувањето во сила на новото име, договорено од Скопје и Атина.

Би можело да ве интересира

Фицо: Конечно се разбуди Европа – ќе има делегација за преговори за Украина

Европа ги отфрли руските барања за мировните преговори за Украина

Предраг Петровиќ

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната