Сесија на работната група за измените на ЗКП

Од:

Работната група за изготвување на измените и дополнувањата на Законот за кривичната постапка, од денеска до 30 август ќе ја одржи првата изолациона сесија во Маврово.

Работната група е формирана со решение на министерот за правда, Блерим Беџети.

Во работната група се вклучени проф. Гордан Калајџиев од Правниот факултет „Јустинијан Први“-Скопје, државниот советник во Министерството за правда Нуман Лимани, претседателката на Врховниот суд на РМ Лидија Неделкова, јавениот обвинител на РМ Марко Зврлевски, претседателот на Адвокатската комора на РМ Никола Додевски, директорот на Бирото за јавна безбедност (МВР) Митко Чавков, јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупција Јован Илиевски, јавниот обвинител во Вишо Јавно обвинителство Битола Мери Тромбева, судијата во Основниот суд Куманово Маја Денковска, судијата во Апелацискиот суд Скопје Зоран Димитриевски, јавниот обвинител во Вишо јавно обвинителство Штип Тодор Витларов и проф. Гордана Бужаровска од Правниот факултет „Јустинијан Први“- Скопје.

Би можело да ве интересира

Утрово најстудено во Маврови Анови, најмногу снег на Попова Шапка

Судот нареди итна забрана за контролата на Маск врз американските платежни системи

Горан Наумовски

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Да се остранат возилата на патот скијачки центар Маврово – Бунец преку Никифорово и Леуново повика „Македонија пат“

На Попова Шапка 64 сантиметри снег, во Маврово 57, а во Крушево 36

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ