Сервер: Одлуката на Собранието витален и важен чекор на патот на Македонија кон ЕУ и НАТО

Од:

Усвојувањето на уставните измени во македонското Собрание е витален и важен чекор кон членството на Македонија во ЕУ и НАТО. Браво!, изјави Даниел Сервер, професор на Универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон и експерт за Балканот.

– Немам што повеќе да кажам, освен дека товарот на одговорноста сега е на Атина, која се надевам ќе го направи вистинскиот чекор, рече Сервер.

Македонското Собрание вчера со двотретинско мнозинство од 81 пратеник ги усвои уставните измени, кои произлегуваат од Договорот од Преспа за решавање на спорот за името. Македонската страна ја исполни својата обврска од договореното, а сега на потег е грчкиот Парламент да го ратификува Договорот, со што ќе се отвори патот за интегрирање на земјава во ЕУ и НАТО.

Би можело да ве интересира

Москва: НАТО го претера со воените активности покрај руските граници

Кос повтори: Македонија треба да ја исполни обврската за завршување на уставните измени

Москва е загрижена од плановите на НАТО

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он