Сертификати за курсот „Менаџирање во одбраната во поширок безбедносен контекст“

Од:

Учесниците на курсот „Менаџирање во одбраната во поширок безбедносен контекст“, што изминатите две недели се одржуваше во Охрид, денеска добија сертификати за знаење од Британскиот универзитет Кренфилд.

Сертификатите им ги доделија државниот секретар во Министерството за одбрана Сашо Стефаноски и британскиот амбасадор во Македонија Чарлс Гарет.

Покрај од МО и другите институции во земјава, на семинарот учествуваа и претставници од Албанија, Црна Гора и Косово, а од Босна и Херцеговина и Србија го откажале присуството поради поплавите што го зафатија регионот.

– Учесниците стекнаа знаења што ги има Британскиот универзитет Кренфилд, кој беше обучувач на двонеделниот курс. Сите знаења кој овој универзитет ги дава на британските студенти, учесниците од регионот имаа можност да ги научат тука. Ќе се обидеме овие знаења соодветно да ги склопиме во системот на функционирање и да го подигнеме функционирањето и перформансите на нашите институции, бидејќи тоа е наша одговорност, рече Стефаноски.

Курсот, додаде тој, е дел од сеопфатниот пристап што Министерството го прави за стекнување нови знаења и користење на искуствата од земјите, кои се многу понапред од нас во регионалната соработка.

– Ова е уште еден доказ за нашата силна посветенот за интензивирање на регионалната соработка, бидејќи во регионот сме препознаени како земја која е расположена, го предводи и стимулира овој процес, нагласи Стефаноски.

За амбасадорот Гарет, курсот е важен дел за соработката на Велика Британија со земјите од Балканот.

– Се надеваме дека тој ќе биде добар и ефективен придонес кон развој на армиите и министерствата на Балканот, истакна Гарет.

Јордан Тасев од Евроатлански совет на Македонија рече дека изминатите денови имале можност да научат повеќе аспекти за безбедноста и да споделат искуства со луѓе од различни профили од владиниот и невладиниот сектор од регионот.

– Се што беше предавано и научивме е со највисок квалитет од британските искуства и е многу применливо. Се надевам секој од нас ќе може да го примени во институцијата од каде што доаѓа, рече Тасев.

Би можело да ве интересира

Елфет Исмаили нова заменик министерка за одбрана

МО: Насковски уште во мај 2023 година е разрешен од функцијата претседател на синдикалната организација НСПВ

НСПВ: Министерството за одбрана ја сопре членарината на синдикатот и на тој начин го оневозможува синдикалното делување

Горан Наумовски

Петровска: Пристигнато е ново барање од украинска страна за воена помош во моментов се разгледува

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

A1on