Сертифицирани првите Младински работници во Македонија

Од:

Прв пат во Македонија се сертифицираа лица за Младински работници во рамки на унапредување на работата со млади кој е еден од приоритетите на Коалиција на младински организации СЕГА.

Обуката за сертификација на обучувачи која заврши денеска, е дел од проектот „Твојот прв чекор да станеш младински работник“ што го спроведува СЕГА во соработка со партнери од Нормандија, Франција. Обуката ја реализираа сертифицирани обучувачи од Франција.

Основна цел на проектот беше да се обучат и сертифицираат 15 младински работници за испорачување комплетен почетен модул за идни младински работници, претставници од организации и институции кои работат со млади. Во обуката беа вклучени и четири младински работници кои работат во двата младински информативни центри во Македонија (ИНФО СЕГА во Кавадарци и Прилеп) како и 11 претставници на младински организации од цела Македонија.

– Горди сме што учествуваме во поставувањето на темелите на младинската работа во Македонија и што преку оваа обука се сертифицираа првите младински работници со помош на нашите партнери од Франција, изјави извршниот директор на коалицијата СЕГА Зоран Илиески.

Според Арно Сервант, тренер од Франција, обуката беше корисна за македонските учесници кои се почетници во младинската работа. – Но, обуката беше исто така корисна и за нас како обучувачи бидејќи и ние научивме многу за разбирањата за младинска работа од искусните учесници во Македонија, рече Срвант.

Оваа обука се реализира како дел од активностите на проектот „Признавање на младинската работа“ што СЕГА го спроведува во партнерство со организациите Avril и Maison Pour Tous од Франција, како дел од програмата за децентрализираната соработка со регионот Долна Нормандија.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза